Линкови за пристапност

Безжична дигитална гитара


Танцување на ритамот на рок енд рол музика што произлегува од електрични гитари често вклучува мимики и движења на прстите што се нарекува „воздушна гитара“.

Посовршените сензори и електроника, споени со соодветен софтвер, овозможуваат да се изгради направа која може да се држи во рацете и всушност ги трансформира тие движења во вистински звук.

Учењето свирење гитара бара многу вежбање, истрајност и на почетокот многу плускавци на прстите.

Свирењето „воздушна гитара“ е многу полесно и може да биде многу забавно, но, не произведува звук.

Сега, истражувачите од „Голдсмитс“ – Универзитетот на Лондон и Универзитетот „Сасекс“ употребуваат технологија за препознавање гестови за создавање на дигитален инструмент што го претвора воздушните движења на гитара во музика.

„Она што го направивме е земавме различни сензори, магнетометар, материјали чувствителни на притисок и потоа ги искомбиниравме со мобилен телефон кој има моќ всушност да произведува вистински музички звуци.“ вели ko-osnova;ot Суран Гунатилејк.

Мала облога со осум копчиња што убаво „легнува“ на левата дланка, додека другата рака го држи големиот електро магнет. Со притискање на копчињата, свирачот бира акорди, кои можат да бидат отсвирени со движење на десната рака.

„Ние ја пресликавме целата гитара и бас елементот и направивме акустична и електрична гитара. Направивме и ноти и акорди и целосно мислам дека имаме над илјада примероци. Значи имаме огромен број на можности“, додава Џек Фулер.

Само по неколку минути вежбање, некој што никогаш не свирел гитара може да научи да отсвири едноставен рефрен.

„Јас не мислев дека можам, но од денес верувам дека можам....супер е!“

Безжичната дигитална гитара свири преку мобилен телефон или таблет прекѕ Блутут со приклучување на приклучокот за слушалки на засилувач.

Може да се бира помеѓу три инструменти – електрична, акустична и бас гитара и изборот е чувствителен на интензитетот на движењето.

Творците на овој изум моментално ги координираат финансиите за масовно производство кое е планирано да започне во март, 2016-та година.

XS
SM
MD
LG