Линкови за пристапност

Морнарицата на САД во потрага по урнатиот авион во Тихиот Океан


Осум лица биле спасени 40 минути по несреќата, додека тројца морнари биле изгубени во морето

Морнарицата на САД испраќа спасувачки тим во потрага по транспортен авион, кој се урнал во Тихиот Океан.

Во соопштението на Морнарицата стои дека „се знае последната позиција на авионот на површината на водата, додека длабочината на водата во таа област надминува 16 илјади стапки, и се наоѓа надвор од можностите за спасување“.

Осум лица биле спасени 40 минути по несреќата, додека тројца морнари биле изгубени во морето.

Во изјавата, меѓудругото, се вели дека „ќе бидат направени сите напори за пронаоѓање на морнарите“.

Спасувачкиот тим од Вашингтон ќе ги предводи надзорник за спасување и нуркање.

„Ако потрагата е успешна, дополнителни средства за спасување во длабока вода ќе се распоредат, за да се направи увид дали авионот може да биде изваден“, се наведува во соопштението.

Осум бродови, јапонски поморски сили за самоодбрана и поморски патроли, пребараа околу 1.000 квадратни наутички милји, во потрага по исчезнатите морнари.

Морнарицата соопшти дека авионот на C2-A Грејхаунд, со пропелер се спуштил во морето, околу 925 километри југоисточно од Окинава, додека бил во рутинска мисија за преземање на патници и товар од американска база во Јапонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG