Линкови за пристапност

Оставка на врвот по скандалот во контролата на летање во САД


Оставка на врвот по скандалот во контролата на летање во САД
Оставка на врвот по скандалот во контролата на летање во САД

Лицето задолжено за надзор на американскиот систем за контрола на летањето во државата даде оставка, откако се појавија нови случаи на контролори на летањето кои спиеле во работно време.

Лицето задолжено за надзор на американскиот систем за контрола на летањето во државата даде оставка, откако се појавија нови случаи на контролори на летањето кои спиеле во работно време.

Хенк Краковски, раководител на американската Организација за контрола на воздушниот сообраќај, во четврток ја поднесе оставката.

Потегот уследи откако официјални лица известија дека контролор на летањето во западната сојузна држава Невада заспал рано во средата додека медицински авион со неколку лица на него се обидувал да слета.

Најмалку два слични инцидента имаше во САД во текот на оваа година.

Администраторот на федералната администрација за авијација Ренди Бабит во четврток издаде соопштение во кое кажа дека инцидентите мора веднаш да престанат. Тој исто така кажа дека проблемите направиле многумина да го постават прашањето за способноста на агенцијата да се грижи за нивната безбедност.

Бабит рече дека изведува темелна ревизија на системот на контрола на летањето во САД.

XS
SM
MD
LG