Организации низ светот денес го одбележуваат Денот на борба против сидата, истакнувајќи ја поддршката за лицата заразени со ХИВ, вирусот кој ја предизвикува оваа болест, како и сеќавајќи се на оние што починале од сида.
Одбележувањето на овој ден годинава се случува во време на пандемија што, според Обединетите нации (ОН), го отежнува пристапот на лицата со ХИВ до здравствена заштита и други неопходни услуги.
Програмата за ХИВ на ОН ги повикува владите да ги зголемат инвестициите и услугите за ХИВ, нагласувајќи дека доколу здравствената заштита и социјалната сигурност биле подобри, светот би можел полесно да се справи со ширењето на коронавирусот.
Обединетите нации велат дека би можело да има од 123.000 до 293.000 нови заразени со ХИВ, како и меѓу 69.000 и 148.000 смртни слуачи како последица на сидата до 2022 година, поради ефектите на пандемијата врз одговорот за ХИВ.
Околу 38 милиони лица се заразени со ХИВ, додека во 2019 година, 690.000 лица починале како последица на болести поврзани со сидата.
Facebook Forum