Линкови за пристапност

Македонија со ниска стапка на пациенти со ХИВ


Превенција на ХИВ во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Македонија e првата земја во регионот која целосно го презела финансирањето на програмите за ХИВ и туберкулоза од Глобалниот фонд

Преземањето на програмите на Глобалбиот фонд за превенција, дијагноза и лекување на пациенти со ХИВ и туберкулоза од страна на државата, нема да ги остави сами овие лица. Петнаесет граѓански организации ќе добијат финансиска поддршка од националниот буџет каде за оваа намена годинава се одвоени 95 милиони денари или околу 1.5 милион евра. Меѓу нив е и невладината организација „Опција“ од Охрид која 13 години работи на оваа проблематика. Тие досега реализирале различни активности за поддршка на лицата кои користат дрога но, и сексуалните работници како ризични категории кои можат да бидат инфицирани од ХИВ.

„Тука се и медицинските услуги, социјалните услуги, услуги од правник. Работиме на различни едукативни работилници со цел подигнување на свеста за нивната целна група“, вели социјалната работничка од „Опција“ во Охрид, Јулија Настоска.

На овие лица им нудат и бесплатни гинеколошки прегледи и терапија, анонимни тестирања за ХИВ и Хепатитис Ц како и стерилна опрема.

„На почетокот беше тешко да се мобилизира целната група да ги посетува овие дневни центри. Затоа ги вклучивме теренските работници кои преставуваат еден вид на линк помеѓу професионалниот тим и целната група“, додава таа.

Македонија се смета за земја во која што стапката на СИДА е сведена на минимум. Со цел одржување на ваквото ниско ниво ќе бидат вклучени и здравствените институции но и центрите за третман на зависности. Еден таков центар, функционира и во Охрид.

„Во другите држави ХИВ-СИДА-та ја има кај травенските корисници на дрога, а кај нас ја нема. Веројатно тоа е заслуга на превентивните програми и на програмите за намалување на штета“, рече раководителката на Центарот за превенција и третман на зависности од Охрид, Весна Лаброска.

Во Македонија, според Институтот за јавно здравје, досега се регистрирани 276 лица заболени од СИДА или носители на ХИВ вирусот. Од нив 83 веќе починале.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG