Линкови за пристапност

Сенатот ја одобри помошта по суперневремето


Жртвите на невремето Сенди ќе добијат 50,5 милијарди долари итна помош откако претседателот ќе го потпише законот.

Американскиот конгрес ја комплетираше постапката за 50,5 милијарди долари итна помош за жртвите на суперневремето Сенди, три месеци откако невремето сериозно го оштети крајбрежјето на Њујорк и Њу Џерси.

Членовите на сенатот го одобрија законот во понеделникот со 62 спрема 36 гласови. Претствничкиот дом ја усвои легислативата порано месецов и претседателот Барак Обама вети дека ќе го потпише веднаш штом ќе пристигне на неговата маса. .

Дискусиите за помош по едно од најлошите невремиња кои го погодија американскиот североисток беа искомпликувани со слабата економска ситуација на државата. Пакетот за помош беше готов за гласање во Претставничкиот дом на почетокот на јануари, но членовите не гласаа заради несогласувањето во врска со трошоците. Кога членовите на новиот Конгрес дадоа заклетва неколку дена подоцна, преговорите за помош за помош по невремето требаше да почнат одново.
XS
SM
MD
LG