Линкови за пристапност

Конгресот го усвои пакетот за помош заради коронавирусот


Американскиот Конгрес усвои масивен закон на крајот на годината што вклучува 900 милијарди долари пакет за помош заради коронавирусот како и 1,4 трилиони годишно владино финансирање.

Претставничкиот дом и Сенатот ја усвоија мерката со повеќе од доволна поддршка во понеделникот навечер, кога законодавците имаа само уште неколку часада го разгледаат документот од над 5.000 страници. Тие се соочуваа со краен рок на полноќ да ја задржат американската влада отворена и финансирана.

Претседателот Доналд Трамп се очекува да го потпише документот наредниве денови.

Легислативата доаѓа по недели преговарање меѓу демократите и републиканците кои имаа различни гледишта за потребната владина помош заради коронавирусот и за тоа колку пари треба да има на работи како бенефиции заради невработеност или држење на економијата отворена.

Ова исто така доаѓа за време на наплив на случаи на Ковид-19, што во САД заклучно со понеделникот навечер достигнаа повеќе од 18 милиони, при што секој ден се додавани нови 200.000 случаи на заболени. Бројот на смртни случаи во државата е повеќе од 319.000 лица, според Центарот за податоци на Џонс Хопкинс.

Една од главните компоненти на предлог-законот е 600 долари директна исплата за повеќето луѓе, а таа сума ќе се намалува за оние над границата од 75.000 долари заработувачка годишно. Секретарот за финансии Стивен Мнучин кажа дека милиони Американци ќе можат да ги видат парите на своите сметки уште следната недела. Претходната рунда на исплата од 1.200 долари беше во март.

XS
SM
MD
LG