Линкови за пристапност

Ахмети: Руските политики во Северна Македонија имаат име и презиме


Али Ахмети, претседател на ДУИ, држи говор во конференциска сала на потпишувањето договор за коалицирање меѓу ДУИ и новоформираната партија Народно движење во Скопје, Северна Македонија, 19 март, 2024 година.
Али Ахмети, претседател на ДУИ, држи говор во конференциска сала на потпишувањето договор за коалицирање меѓу ДУИ и новоформираната партија Народно движење во Скопје, Северна Македонија, 19 март, 2024 година.

ДУИ предупредува на руско сценарио во државата, на опозицијата, кое имало за цел политички немири, по изборите на 8-ми мај

Лидерот на владејачката албанска партија Демократска унија за интеграција Али Ахмети денеска рече дека руските политики во Северна Македонија имаат име и презиме. Оваа изјава на Ахмети доаѓа по вчерашното партиско соопштение на ДУИ во кое велат дека опозицијата во државата подготвувала руско сценарио за политички немири по парламентарните избори на 8-ми мај.

„Зависи од тоа со какви очила ги гледаме работите, но во време кога се движат стотици илјади војници, кога Русија го загрозува светскиот мир со употреба на нуклеарно оружје, кога Русија води војна и бомбардира суверена држава, Украина, не траба никако да не бидеме смирени на Западен Балкан. Кај нас има партии создадени од Александар Дугин, кој е шеф на руската политика, има медиуми, има телевизии,кои не сакаат мир, стабилност и безбедност во Македонија и на Балканот. Се разбира, Русија сака да има жаришта насекаде за да ја олесни и оправда окупацијата што ја направи на суверена држава како што е Украина“, рече Ахмети.

Од ДУИ велат дека со голема загриженост ги следеле обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатувала кон претседателскиот кандидат Бујар Османи, како и до премиерот Талат Џафери.

„Притоа предупредувајќи за руско сценарио насочено кон политички немири по 8 мај. Координирана заедно со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и ЛЕВИЦА на Апасиев, како и во отсуство на изборна програма, коалицијата ВЛЕН ги засили клеветите против Османи и Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, што е загрижувачко. Ја покануваме опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со европските и демократските вредности, бидејќи се што е против тоа значи напуштање на Европската унија и приближување до Москва на Путин“.

Ахмети се осврна и на Црната листа на САД. Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, инаку висок функционер во ДУИ, веќе неколку месеци е на оваа листа и е прогласен за персона Нон грата на американскиот Стејт департман.

„Ние апсолутно не ги оспоруваме одлуките на Стејт департментот. И ние ќе ја прифатиме секоја проценка што ќе ја даде Стејт депатментот. Америка е наш стратешки партнер исто како и ЕУ“, вели Ахмети.

Инаку ДУИ и партијата, Народно движење на пратеникот, Скендер Реџепи денес потпишаа договор за коалицирање, насловена како „Европски фронт“. Ахмети ги покани да им се приклучат и од Алијанса на Албанците, односно крилото на Зијадин Села.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети се ракува со претседателот на новоформираната партија Народно движење, Скендер Реџепи, по потпишувањето договор за коалицирање меѓу ДУИ и Народното движење во Скопје, Северна Македонија, 19 март, 2024 година.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети се ракува со претседателот на новоформираната партија Народно движење, Скендер Реџепи, по потпишувањето договор за коалицирање меѓу ДУИ и Народното движење во Скопје, Северна Македонија, 19 март, 2024 година.

„Ова обединување на Албанците во Република Македонија е бидејќи нештата во глобалната политика чекорат лошо. Немаме ништо против политичките партии, но тие немаат капацитети да се соочат со сите настани што се случуваат во Европа и Блискиот исток. Затоа, ова обединување е повеќе од потребно. Треба да се поддржи и од турската заедница и ромската заедница“, рече Ахмети.

„Денеска се отвора поглавје кое се нарекува „Европски фронт“, кое ќе се памети долго, бидејќи овој фронт ќе биде носител на промени, на подобрување на животниот стандард. Овој фронт ќе биде добар, бидејќи нашето општество без етнички проблеми ќе биде подобро општество“, рече Скендер Реџепи, претседател на Народно движење.

XS
SM
MD
LG