Линкови за пристапност

Македонија: Наводи за вмешаност на високи функционери на ДУИ во криминални активности

Ваљон Беља тврди дека Али Ахмети во деведестите години примил седум и пол илјади швајцарски франци за соработка со тајните служби во операциите „Трилинг“ и „Океан“

Во јавноста во вторник беа презентирани нови докумети за наводната соработка на Али Ахмети, претседател на ДУИ, со поранешните југословески тајни служби. Овој пат докуметите ги објави Албанскиот сојуз и нивиот лидер Ваљон Беља. Тој тврди дека Али Ахмети во деведестите години примил седум и пол илјади швајцарски франци за соработка со тајните служби во операциите „Трилинг“ и „Океан“. Беља во корист на овие тврдења приложи докумет потпишан од Али Ахмети. Тој исто така презентира и документ според кој пари од тајните служби во Белград примил и високиот фукнционер на ДУИ и некогашен виоско рангиран припадниук на ОНА, Фазли Велиу, за соработка во истите тајни операции на разузнавачката служба на Југославија.

Ваљон Беља од Албанскит сојуз приложи и докумет со кој се тврди дека на лидерот на ДУИ Али Ахмети тогаш му била издадена патна исправа на име Александар Антиќ. Образложувајки го овој јавен настап Беља изјави: „ Или ќе бидеме тотално демократски или нема да продолжи овој процес. Мора политичката елита да се исчисти еднаш за секогаш“.

На прес коференцијата исто така Беља ги обини и државните институции зошто ,како што вели,не превземаат ништо за расчистувањето на криминалните активности на поедини функционери на ДУИ.

„Несфатливо зошто досега ништо не е преземено, кога синот на заменик министерот за внатрешни работи и синот на градоначалникот на Дебар, кадри на ДУИ, се фатени во шверц со дрога, а за партискиот функционер Талат Џафери и во извештајот на Европската комисија е нотирано дека на изборите во 2008 влегол на гласачко место со пиштол“, изјави Беља.

Албанскиот сојуз, најави Беља, ќе остави времето да покаже дека сите криминалци што се идентификувале како политичари, ќе бидат ставени каде што припаѓаат.

Партиските тела, вели Беља, ќе одлучат дали оригиналните документи ќе ги предадат на Комисијата на лустрација.

Претходно доставените слични докумети од граѓани Комисијата за лустрација ги прогласи за неверодостојни.

XS
SM
MD
LG