Линкови за пристапност

Иран негира напад на претседателот


Иранските државни медиуми ги негираат извештаите дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад бил цел на гранатен напад во среда

Конзервативната веб-страница (khabaronline.ir) кажа дека Ахмадинеџад не бил повреден кога се случила експлозија додека неговиот конвој патувал во западниот регион Хамедан. Ројтерс и Ал-Арабија исто така инцидентот го нарекоа напад на иранскиот лидер и цитираа извор од канцеларијата на Ахмадинеџад.

Сепак, државната Press TV кажа дека не се случил никаков напад.

Иранската новинска агенција Фарс кажа дека петарди биле поставени да го развеселат претседателот во Хамедан и дека едно лице било уапсено.

Државните медиуми велат дека Ахмадинеџад отпатувал во Хамедан на трета посета во регионот во напор да се лансираат проекти што „ќе одговорат на потребите на локалното население“.

XS
SM
MD
LG