Линкови за пристапност

САД вршат притисок Авганистан да го потпише новиот безбедносен договор


Американската администрација изненадена од изјавата на авганистанскиот претседател за одлагање на потпишувањето.

Администрацијата на Обама врши притисок врз авганистанслата влада да го потпише новиот безбедносен пакт за да не се соочи со перспективата да нема американски трупи во земјата по 2014-та.

Портпаролката на Стејт Департментот Џен Псаки за авганистанскиот сервис на Гласот на Америка изјави дека несклучување на Билатералниот безбедносен договор годинава со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, за САД не е опција што е на маса. Нејзините забелешки дојдоа откако портпаролот на претседателот Карзаи во петок инсистираше дека пактот ќе биде потпишан само после претседателските избори закажани за април.

Псаки рече дека соопштението на Карзаи било изненадување за американската администрација.

Национално собрание на племенски, локални и избрани лидери, познато како Лоја Џирга, се среќава неделава во Авганистан да расправа за безбедносниот пакт.

Според текстот што се разгледува, договорот треба да влезе во сила на 1 јануари 2015-та, и ќе ги задржи американските трупи и цивилен персонал во Авганистан најмалку уште една деценија.

Лоја Џирга ќе расправа неколку дена. Групата мора да го даде своето одобрение пред документот да оди пред авганистанскиот парламент на гласање.
XS
SM
MD
LG