Високата комесарка за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Бачелет, објави извештај по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, повикувајќи ги државите во цел свет да направат повеќе за да помогнат да се стави крај на дискриминацијата, насилството и систематскиот расизам против лицата со африканско потекло, како и да ги компензира преку репарација, објави Асошиетед прес.
Извештајот нуди широк преглед на корените за вековното малтретирање на Африканците и лицата со африканско потекло, конкретно од трансатлантската трговија со робови.
Во него се вели дека е потребен комплетно нов пристап во адресирање на продолжените последици денес.
Извештајот, исто така, се надева да го искористи моментот околу неодманешната, интензивна истрага низ светот, во врска со расизмот и последиците врз луѓето со африканско потекло.
„Денес имаме можност да се постигне пресвртница во однос на расната еднаквост и правда“, се вели во извештајот, кој цели кон забрзана акција од страна на државите да стават крај на расната неправда, неказнивоста на прекршувањето на човековите права од страна на полицијата, како и да се осигура дека луѓето со африканско потекло и оние што зборуваат против расизмот ќе бидат слушнати, и оти ќе се бара одговорност за злоупотребите.
„Ги повикувам сите држави да почнат да ставаат крај на расизмот, неказнивоста, и да градат доверба, да гo слушаат гласот на лицата со африканско потекло, и да се справат со минатото“, рече Бачелет во видеопорака.
Таа нагласи дека финансиска компеннзација не е доволна, и оти таа би била една од низата мерки да се надоместат неправдите.
Извештајот е базиран на разговори со преку 340 луѓе, повеќето со африканско потекло, како и со експерти, над 100 пишани придонеси, вклучително и од влади, како и ревизија на јавни документи.
Facebook Forum