Линкови за пристапност

Африканските имигранти во САД пообразовани од оние во Европа


Истражувањето открива дека 69 проценти од имигрантите од Субсахарска Африка имаат одредено ниво на универзитетско образование

Африканските имигранти во САД се повеќе образовани и вработени, во споредба со имигрантите од Африка во Европа, покажува ново истражување на центарот Пју.

Истражувањето открива дека 69 проценти од имигрантите од Субсахарска Африка имаат одредено ниво на универзитетско образование.

Оваа бројка е за шест проценти повисока од образовното ниво на Американците родени во САД, и далеку повисока од европскиот процент.

Во Британија, половина од имигрантите од Субсахарска Африка имаат одредено ниво на универзитетско образование, додека во Франција оваа бројка инесува 30 проценти. Во Италија, пак, само десет проценти од нив имаат високо образование.

Истражувањето на Пју центарот, базирано на податоци од 2015-та година, исто така, открива дека 93 проценти од африканските имигранти во САД се вработени, додека процентот на оние во Европа се движи од 80 проценти во Италија до 92 проценти во Обединетото Кралство.

Моника Андерсон, коавторка на извештајот, за Гласот на Америка изјави:

„Откривме дека африканската имигрантска популација во САД навистина се издвојува, и се работи за високо образована група“, рече Андерсон.

Според истражувањето, во САД во 2015-та година имало околу 2.1 милиони африкански имигранти, што е двојно поголем број од оној во 2000-та година.

Тие доаѓаат во САД од различни причини и на различни начини - да студираат, да се вработат, преку фамилијарни програми, а некои од нив како бегалци и баратели на азил.

Во 2016-та година, околу 31.000 Африканци влегле во САД како бегалци, додека 19 проценти од нив дошле од Конго, каде конфиктот расели близу два милиона лица во изминативе 18 месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG