Линкови за пристапност

Национален музеј на афро-американската историја


Од свечениот почеток на изградбата, февруари 2012-та.
Од свечениот почеток на изградбата, февруари 2012-та.

Институцијата Смитсониан собира артефакти за новиот музеј што се гради среде Вашингтон.

Додека Вашингтон деновиве се подотвува за одбележување на 50-годишнината од историскиот говор „Имам сон“ на Мартин Лутер Кинг пред 250.000 луѓе на протестниот марш, истовремено продолжува и подигањето на нов музеј на Инстутицијата Смитсониан - прв на национално ниво што е посветен на афро-американската историја.

Фотографија од изградбата на музејот, направена во јуни оваа година
Фотографија од изградбата на музејот, направена во јуни оваа година
Смитсониан собира артефакти што ќе ја раскажат 400-годишната историја на Американците со африканско потекло.

„Започнавме од нула, а досега собравме можеби 25.000 артефакти“, вели Лони Банч, директорот на Националниот музеј на афро-американската историја.

Облека и други предмети што припаѓале на демонстрантите за граѓански права 1960-те, веќе во колекцијата.

„Претпоставуваме дека луѓето ги оставиле предметите од ова време во своите подруми и поткровја, каде собираат прашина. За среќа, така и беше“, раскажува Банч.

Музејот е во изградба и треба да биде отворен 2015-та.

Кураторите, во меѓувреме, трагаат по нови артефакти. Музејот успеа да добие 40-тина предмети што припаѓале на Хариет Табман. Кон средината на 1800-те, таа им помогнала на стотици робови да избегаат на слобода на северот на САД, преку организирана мрежа на луѓе и засолништа за таа цел, позната како Подземната железница.

Меѓу собраните предмети се и окови - сведоштво за ужасот на ропството. Банч вели, мора да се раскажат болните делови на историјата: „Сакаме да раскажеме приказна што од една страна ќе ги разлути луѓето поради тоа што се случувало, но од друга ќе ги инспирира за способноста на Америка да се подобрува, да го поправи лошото“.

Кустосите одат по САД, собирајќи делчиња од минати времиња, работејќи на мозаикот што ќе го покаже богатството на афро-американската историја.
XS
SM
MD
LG