Договорот за слободна трговија на африканскиот континент стапи на сила во четвртокот, а досега го ратификуваа 24 земји, од вкупно 54.
Планот беше потпишан на самитот на Африканската унија во Кигали во 2016 година, по четиригодишни преговори. Буркина Фасо е најновата земја која го потпиша планот, со цел да се овозможи слободна трговија низ целиот континент.
Договорот има за цел да го олесни слободното движење на стоки и луѓе. Ако е успешен, експертите велат дека ќе ги зајакне афричките економии и ќе отвори подобри шанси континентот да се натпреварува на светските трговски пазари.
Чарлс Кахуту е претседател на Источно-африканската стопанска комора, индустрија и земјоделство. Тој вели дека африканските земји што тргуваат меѓу себе ќе имаат корист од ова.
„Слободната трговска зона, ако ја користиме таа рамка за зголемување или зајакнување на трговијата во Африка, би значела додадена вредност на нашите суровини“, вели тој.
Но, експертите за трговија велат дека недостатокот на соодветна инфраструктура и одредени закони за протекционизам може да го попречат договорот.
Уште триесет африкански држави допрва треба да го потпишат трговскиот договор. Потписниците имаат време до јули да најдат начин да направат договорот да функционира.
Facebook Forum