Линкови за пристапност

Циклонот Идаи однесе над 1000 животи во Мозамбик


Повеќе од 1,5 милион луѓе во Мозамбик, Малави и Зимбабве беа погодени од циклонот Идаи

Претседателот на Мозамбик Филипе Њуси изјави дека веројатно повеќе од 1000 луѓе ги загубија животите откако оваа јужноафриканска нација беше погодена од циклон минатата недела.

Циклонот Идаи го погоди Беира, пристанишен град на Индискиот Океан во централниот брег на Мозамбик, пред да стигне до Зимбабве и Малави.

Официјални претставници соопштија дека веќе е потврдена смртта на 215 лица во трите држави.

Во источниот дел на Зимбабве стотици луѓе се водат за исчезнати, а речиси 1000 куќи се уништени, соопштија властите.

Повеќе од 1,5 милион луѓе во Мозамбик, Малави и Зимбабве беа погодени од циклонот Идаи, проценија Обединетите нации во понеделникот. Најголем дел од погодените се во руралните области.

Портпаролот на Светската програма за храна, Херви Верхосел, изјави дека циклонот уште повеќе ги влошил разорните поплави во внатрешноста на јужниот дел на Малави и источниот дел на Зимбабве.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG