Линкови за пристапност

Во авганистанска болница убиени тројца американски лекари


Осомничениот извршител на нападот бил стражар во болницата

Авганистански стражар отворил оган во болница во Кабул, убивајќи тројца американски лекари, во најнов напад на странци во Авганистан.

Нападот од четвртокот се случи во болница управувана од христијанско добротворно друштво со седиште во САД, CURE International. Во куса изјава на Твитер, американската амбасада кажа дека „со голема жалост потврдува дека тројца Американци биле убиени во болницата“.

Авганистански официјални лица кажаа дека четврти Американец бил повреден во престрелката и дека двајца од убиените биле татко и син.

Напаѓачот наводно бил застрелан од друг стражар. Авганистанскиот портпарол на Министерството за внатрешни работи Садик Садики кажа дека осомничениот бил во полициски притвор и дека истрагата е во тек.

Не е јасно дали Талибан е одговорен за нападот.

Веб-страницата на CURE вели дека организацијата оперирала 100-креветна болница во Кабул од 2005-та, со 27 лекари и 64 медицински сестри кои таму работеле.

Странски цивили во Авганистан се цел на зголемен број напади годинава.
XS
SM
MD
LG