Линкови за пристапност

Обама му кажа на Пентагон да се подготви за повлекување од Авганистан


Претседателот на Карзаи му рекол дека ја остава отворена можноста договорот со Авганистан да се склучи подоцна, но тоа би била помала мисија

Претседателот Барак Обама му кажа на Пентагон да се подготви за повлекување на сите трупи од Авганистан до крајот на годината во случај долго одовлекуваниот Билатерален безбедносен договор да остане непотпишан.

Белата куќа вели дека Обама ја пренел пораката до неговиот авганистански колега, Хамид Карзаи, во телефонски разговор во вторникот.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни вели дека претседателот на Карзаи му кажал дека Вашингтон ќе ја остави отворена можноста договорот со Авганистан да се склучи подоцна, но колку повеќе се одолговлекува толку е поверајaтно дека секоја американска мисија пост-2014-та ќе биде помала по размер и амбиција.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел рече дека Одделот за одбрана ќе планира и повлекување и останување на американското учество во мисијата предводена од НАТО, фокусирана на обука, советување и помош на авганистанските безбедносни сили.

Билатералниот безбедносен договор ќе задржи околу 10.000 американски трупи во Авганистан во улога на поддршка, 10 години. Карзаи се спротивстави на американската армиска тактика во Авганистан, а особено упаѓање во авганистански домови, и кажа дека сака уверување за дијалог со милитантите на Талибан пред да потпише.
XS
SM
MD
LG