Линкови за пристапност

Хегел бара одлука од Авганистан за американските трупи


Afghan President Hamid Karzai speaks during a news conference in Kabul, Jan. 25, 2014.
Afghan President Hamid Karzai speaks during a news conference in Kabul, Jan. 25, 2014.

Американскиот секретар за одбрана рече дека одлагањето може да направи проблеми за САД

Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел вели дека Авганистан не може да продолжи да ја одлага одлуката за тоа дали да го потпише безбедносниот пакт со САД со кој се дозволува некои американски трупи да останат по 2014-та.

Хегел зборуваше со новинарите во четврток на летот за Полска, каде се среќава со официјални лица за безбедносни прашања што го вклучуваат и Авганистан. Тој кажа дека одлагањето на потпишувањето на билатералниот договор од страна на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во одреден момент ќе создаде проблеми заради потребата на САД да планираат и да го направат буџетот за иднина.

Но, тој рече дека го почитува правото на Карзаи да реши по прашањето како што смета дека треба да биде решено, и кажа дека САД имаат само „ограничена“ способност за влијание на авганистанските одлуки.

Авганистан го одлага потпишувањето на пактот делумно заради несогласувањето во врска со законите што предвидуваат американските трупи да ја сносат одговорноста доколку останат во државата по завршувањето на американската борбена мисија.
XS
SM
MD
LG