Линкови за пристапност

Авганистанско-американскиот безбедносен договор се` уште нејсен


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи кажа дека не брза да го потпише договорот. Што е во залог?

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го предаде „жешкиот костен“ на потпишување на билатералниот безбедносен договор со САД на совет на старешините, или лоја џирга, за кои вели дека ќе се состанат следниот месец.

Авганистанскиот лидер ги отфрли забелешките дека средбата ќе ја одложи одлуката за безбедносниот пакт што ќе биде круцијално откако меѓународните борбени сили ќе ја напуштат државата на крајот на следната година.

Според Џон Вуд од Центарот за стратегиски студии за Блиски исток и Јужна Азија од Вашингтон, има две проблематични точки меѓу администрацијата на САД и Карзаи.

„Како што јас разбирам, Карзаи сака специфично безбедносно уверување или договор, нешто што веројатно ќе биде кренато на ниво на безбедносен пакт во очите на САД“.

Таков обврзувачки договор ќе го турне Вашингтон да го брани Авганистан од надворешна агресија. Ова, вели Вуд, е негово мислење, а не на организација.

И Карзаи има свои грижи. Вуд објаснува:

„Другата проблематична точка, верувам дека дека се` уште се врти околу степенот на автономија на американските сили за специјални операции, или што ЦИА може да ја има, да продолжат да оперираат независно без надзор или претходно одобрение од авганистанската влада.

Талибан и други вооружени сили против авганистанската влада гледаат можност за себе кога во 2014-та меѓународната заедница ќе замине.
Хамидулах Фароки, поранешен министер на Авганистан
Претседателот Карзаи во понеделникот изрази негодување спрема САД и НАТО силите во неговата држава кои изведуваат операции, за кои рече дека ја нарушуваат сувереноста на Авганистан во име на борба против тероризмот. Тој кажа дека нема да дозволи такво нешто со новиот договор.

Аналитичарите во Кабул предупредуваат дека немање ефективен билатерален безбедносен договор за поддршка на авганистанските сили по заминувањето на меѓународните сили може да го охрабри Талибан и други милитантни групи.

Поранешниот авганистански министер Хамидулах Фароки вели:

„Талибан и други вооружени сили против авганистанската влада гледаат можност за себе кога во 2014-та меѓународната заедница ќе замине. Тие може да чувствуваат дека можат да ја преземат политичката моќ.“

Фароки верува дека транспарентни и успешни претседателски избори во април 2014-та и силна авганистанска влада ќе го сврти тој моментум“.
XS
SM
MD
LG