Линкови за пристапност

Талибански милитанти нападнале конзулат на САД


Претставници на НАТО велат дека обезбедувањето го одбило нападот во авганистанскиот град Херат

Рано во петокот авганистански милитанти довеле возило полно со експлозив до ѕидовите околу конзулатот на САД во Херат, на границата со Иран.

Дел од предниот ѕид бил разурнат, по што милитанти влегле во комплексот и почнале да пукаат.

Очевидци велат дека експлозијата затресла ѕидови на околните згради. Безбедносните сили возвратиле со оган и во престрелката загинале најмалку двајца полицајци и напаѓачи, а над десетина лица биле повредени. Американскиот Стејт департмент вели дека нема американски жртви.

Меѓународните безбедносни сили за асистенција потврдија преку Твитер дека „непријателски сили“ извеле неуспешен напад на американскиот конзулат, но дека објектот е обезбеден и сите милитанти биле убиени.

Херат, град во западен Авганистан, беше релативно мирен последниве години. Нападот на комплексот покажува дека по 12 години на борби, Талибан се` уште има способност да напаѓа цели низ државата.

Но петочниот напад исто така покажа способност на авганистанските сили да одбијат милитантни напади.
XS
SM
MD
LG