Линкови за пристапност

Странските амбасади во Авганистан го повикаа Талибан итно да ги прекине нападите


Преговорите меѓу Талибан и високи претставници на Владата на Авганистан викендов во Доха, Катар, завршија без известување за значаен прогрес

Странските диплматски мисии во Авганистан го повикаа Талибан итно да ги стопира воените напади.

Колективниот повик уследи ден откако Талибан и високи претставници на Владата на Авганистан го завршија дводневниот состанок во Доха, Катар, без да известат за значаен прогрес во мировните преговори.

Петанесет мисии, меѓу кои и на САД, заедно со амбасадорот на НАТО во државата, објавија заедничко соопштение.

„Нападите на Талибан се во директна спротивност на тврдењето дека поддржува договорено решение за конфликтот, и на мировниот процес во Доха“, се вели за заедничката изјава.

Беше очекувано состанокот во Доха викендов да донесе привремен заеднички прекин на огнот, но заедничката изјава по заршување на преговорите не спомнува прекин на ескалацијата на конфликтот во Авганистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG