Линкови за пристапност

Убиен Американец во Кабул


Убиен Американец во Кабул
Убиен Американец во Кабул

Нападот го извршил Авганистанец кој работел за американската влада.

Еден американски граѓанин загина, а друг е повреден во денешниот оружен инцидент во комплексот што го користи Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во Кабул, соопшти портпарол на Американската амбасада во Авганистан.

Гавин Сандвал соопшти дека нападот го извршил Авганистанец кој работел за американската влада, а кој потоа бил убиен. Мотивот не е познат, ниту пак некој презеде одговорност.

Повредениот Американец се наоѓа во болница и е надвор од животна опасност.

Инцидентот се случи помалку од две недели откако милитанти извршија координиран напад на неколку цели од висок профил во главниот авганистански град, меѓу кои Американската амбасада и седиштето на НАТО. Во таа, речиси еднодневна опасада беа убиени девет лица.

Во напад извршен вчера пак, бомбаш-самоубиец се разнесе пред полициска станица во источната покраина Пактика, убивајќи двајца полицајци и повредувајќи двајца цивили.

XS
SM
MD
LG