Линкови за пристапност

Нови насилства во Авганистан


Инсајдерски напад: тела на загинатите авганистански војници во покраината Вардак
Инсајдерски напад: тела на загинатите авганистански војници во покраината Вардак

Убиени двајца американски и неколкумина авганистански војници.

Двајца американски и неколкумина авганистански војници загинале во напад што во покраината Вардак го извршило лице маскирано во униформа на безбедносните сили на Авганистан, соопштија претставници на НАТО.

Во близината на Кабул, пак, американските сили отвориле оган и убиле двајца авганистански цивили во моментот кога тие во возило одненадеж се приближиле на американскиот армиски конвој. Американски армиски претставник вели дека Авганистанците се оглушиле на повиците да запрат.

Вчера, посетата на американскиот секретар за одбрана Чак Хегел на Авганистан беше засенета од спорното тврдење на домаќинот, претседателот Хамид Карзаи, и серијата закани што принудија да биде откажана нивната заедничка прес-конференција.

Властите не дадоа детали за заканите, но во два одвоени напада на бомбаши-самоубијци, едниот во Кабул, а другиот во Кост, саботата загинаа 19 лица. Целта на нападот во Кабул беше Министерството за одбрана, токму во време кога Хегел беше во посета на главниот град.

Карзаи во говорот одржан неделата го обвини Талибан дека „и` служи на Америка“, обидувајќи се со нападите како саботните да ги заплаши Авганистанците и да ги принуди да побараат странските сили да останат во земјата и по крајниот рок - 2014-та.

Коментирајќи на прашања на новинари кои патуваат со Хегел, тој кажа дека разговарал „јасно и директно“ со Карзаи, додавајќи дека не е вистина дека САД еднострано соработуваат со Талибан. Хегел рече и дека Авганистанците самите треба да најдат мир и политичко решение во земјата.
XS
SM
MD
LG