Линкови за пристапност

Во Кабул откриени осум тони експлозив


Авганистанскиот Национален директорат за безбедност на прес-конференцијата во Кабул ги покажа осомничените за планирање на нападот со камион-бомба
Авганистанскиот Национален директорат за безбедност на прес-конференцијата во Кабул ги покажа осомничените за планирање на нападот со камион-бомба

Авганистанското разузнавање наведува дека камионот-бомба би разнел се` на растојание до 1.500 метри, ја товари бунтовничката група Хакани.

Авганистанското разузнавање открило камион-бомба и спречило експлозија што можела да разнесе цела област на главниот град.

Националниот директорат за безбедност денес соопшти дека осумте тони експлозив биле пронајдени на почетокот на оваа недела, за време на рација во источниот дел на Кабул, кога во вооружена престрелка биле убиени пет, а уапсени две лица, осомничени дека го планирале нападот.

Директоратот тврди дека нападот го планирала бунтовичката мрежа Хакани, со седиште во Пакистан.

Портпарол на Директоратот кажа дека камионот-бомба би причинил катастрофа, уништувајќи се` на растојание до 1.500 метри од експлозијата.
XS
SM
MD
LG