Линкови за пристапност

Талибански и авганистански делегации на мировни разговори во Москва


Претставници на Талибанците и авганистанска делегација предводена од поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, соопштија дека се согласиле да ги поддржат преговорите предводени од САД со талибанците за да се постигне договор со кој ќе се стави крај на 18 години долгата војна во Авганистан

Талибанските и влијателните опозициски водачи на Авганистан велат дека целосното повлекување на странските сили предводени од САД е клучно за траен мир во Авганистан.

Двете делегации излегоа со соопштение по дводневните „мировни разговори“ во Москва во средата.

„Преговараме со американската страна и се обидуваме американските сили да заминат што е можно побрзо“, рече водачот на талибанската делегација, Мохамед Абас Станикази.

„Сакаме мир и стабилност, Авганистан ослободен од интервенции од која било страна“, рече поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи.

Во соопштението учесниците, исто така, посочија дека се согласиле да ги поддржат преговорите предводени од САД со талибанците за да се постигне договор со кој ќе се стави крај на 18 години долгата војна во Авганистан.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го критикуваше московскиот собир како обид на неговите политички противници да ја поткопаат неговата уставно избрана администрација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG