Линкови за пристапност

Помпео во ненајавена посета на Кабул


Државниот секретар Мајк Помпео денеска беше во кусам ненајавена посета на Кабул, каде што се заложи за поддршка на напорите на авганистанскиот претседател Ашраф Гани за отпочнување на разговори со Талебан. Првиот човек на американската дипломатија воедно ја потврди подготвеноста на Вашингтон за олеснување на мировниот процес предводен од Авганистан.

За време на заедничката прес-конференција Помпео и Гани изразија согласност дека регионалната стратегија на претседателот Доналд Трамп за одржување на воениот притисок врз Талебан, „навистина функционира“.

Стратегијата, којашто Трамп ја објави минатиот август, има за цел да ги убеди Талебанците преку дипломатски, воен и социјален притисок дека не можат да победат на бојното поле и мора да се вклучат во разговорите за помирување со Кабул. Талебан, пак, бара директни разговори со САД.

Посетата на Помпео на Авганистан се случува пред овонеделната конференција на меѓународни исламски научни соработници, што ќе се одржи во Саудиска Арабија, а на која учесниците се очекува да го повикаат Талебан да го прекине насилството во име на религијата и да се обиде да најде мирољубиво решение за крај на војната.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG