Линкови за пристапност

Во Кабул уапсени 13 осомничени милитанти на Исламската држава


Авганистанската шпионска организација ја презела акцијата по неколкуте самоубиствени бомбашки напади во главниот град на Авганистан

Агенцијата за разузнавање од Авганистан, соопшти дека уапсила 13 осомничени милитанти на Исламска држава во акција во Кабул.

Според Националниот директорат за безбедност, меѓу приведените имало и странски државјани. Исламска држава ја презеде одговорноста за неколку неодамнешни бомбашки напади во авганистанскиот главен град.

Минатата недела бомбаш-самоубиец нападна Шиитски муслимански културен центар во Кабул, при што загинаа преку 40 лица, а повредени се 90-тина други.

Апсењата во Кабул дојдоа еден ден откако американската армија, соопшти дека еден нејзин припадник загинал, а четворица други биле повредени во „борбениот ангажман“ во Ачин, нестабилна област во источната провинција Нангархар. Нема детали за напаѓачите.

Областа е позната по честите напади од страна на Исламска држава, а новинарите, кои цитираат локални официјални лица, велат дека нападите врз американските сили исто така биле извршени од милитанти на Исламска држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG