Линкови за пристапност

Најмалку 40 загинати во самоубиствен напад во Кабул


Исламската држава ја презеде одговорноста

Во самоубиствен напад во зграда во Кабул, во која е сместен Шиитски муслимански културен центар, загинаа најмалку 40 лица, а повредени се десетици други. Центарот имал тесни врски со Иран.

Нусрат Рахими, заменик-портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи, за Гласот на Америка потврди дека во нападот биле повредени 30-тина лица, и дека се очекува бројот на жртвите да расте.

Одговорноста ја презеде терористичката држава Исламска држава. Во соопштение објавено на интернет, се вели дека нападот бил извршен од бомбаш-самоубиец, и дека биле користени и три други бомби.

Претходните напади поврзани со шиитите во Кабул и на други места во Авганистан, исто така беа дело на Исламската држава.

Бомбашот, според сведоците, се разнел себеси за време на состанок кој се одржувал во подрумот на зградата.

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани нападот го нарече „злосторство против човештвото“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG