ВАШИНГТОН —
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани обезбедил втор мандат од пет години, согласно прелиминарните резултати од изборите, кои вчера беа објавени за спорното претседателско гласање на 28 септември.
Независната изборна комисија во Кабул ги објави одложените резултати, според кои, Гани обезбедил 51 процент од повеќе од 1.8 милиони гласови.
Ривалот на Гани, Абдула Абдула, пак, освоил преку 39 отсто од гласовите. Тој не ги призна првичните резултати.
Facebook Forum