Линкови за пристапност

Авионот на Демпси оштетен во напад со проектили во Авганистан


Началникот Демпси во Авганистан
Началникот Демпси во Авганистан

Двајца полесно повредени, началникот на американскиот Здружен генералштаб и неговиот персонал не биле загрозени.

Авганистански милитанти утрово испукале проектили врз американската воздухопловна база Баграм во Авганистан, оштетувајќи го авионот на началникот на американскиот Здружен генералштаб, генералот Мартин Демпси, кој е во посета на земјата.

Генералот Демпси не бил во авионот за време на нападот и подоцна ја напуштил базата со друг авион. Две лица биле полесно повредени.

Спорадичното гранатирање не е невообичаено за Баграм, но нападите на бунтовниците на Талебан ретко резултираат во сериозна штета или жртви во базата што се наоѓа северно од Кабул.

Портпарол на НАТО соопшти дека нападот не ја загрозил безбедноста на Демпси и неговиот персонал, за кои кажа дека не биле близу авионот кога два проектила паднале на местото каде тој бил паркиран.

Демпси пристигна во Авганистан вчера, на разговори со авганистански и команданти на НАТО за серијата убиства на војници на сојузничките сили од страна на припадници на авганистанските сили.

Вчера во Вашингтон, претседателот Барак Обама кажа дека е загрижен за нападите „зелено на сино“, наречени така според бојата на униформите на авганистанските и сојузничките сили.

Во последните две недели, припадници на авганистанските сили за безбедност убија 10 странски војници, повеќето Американци. Во последниот инцидент што се случи неделата, лице во униформа на авганистанската полиција убило припадник на коалиционите сили. Годинава, во вакви напади загинаа најмалку 39 странски војници.
XS
SM
MD
LG