Линкови за пристапност

Реакции по нападот во Авганистан


Засега никој не презеде одговорност

Авганистан денеска жали за жртвите во бомбашкиот напад во дипломатскиот дел на Кабул, во близина на амбасадата на Германија, при што загинаа најмалку 90 лица, а преку 400 беа повредени.

Повеќето од жртвите биле цивили, но има и припадници на авганистанското обезбедување.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент соопшти дека во инцидентот биле повредени 11 американски државјани кои работеле како договорни работници во Авганистан.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп го повикал својот авганистански колега Ашраф Гани, за да му изрази сочувство за загинатите и да го осуди нападот, велејќи дека ова се случува за време на Рамазан, што само ја истакнува „варварската природа на терористите, кои се непријатели на целиот цивилизиран народ“.

Остра осуда дојде и од мисијата на ОН во Авганистан, како и од соседен Пакистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG