Линкови за пристапност

Најмалку 90 загинати во напад во Кабул


Експлозијата се случила во дипломатски дел на главниот град на Авганистан, близу амбасадата на Германија

Во експлозија на камион-бомба во дипломатскиот дел на главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа најмалку 90 лица, а повредени се преку 300 други.

Експлозијата одекнала во централното подрачје Вазир Акбар Кан, дом на странски дипломатски мисии и владините канцеларии, оштетувајќи десетици возила и околни згради.

Нападот се случил недалеку од амбасадата на Германија. Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, преку Твитер кажа дека меѓу жртвите се припадници на авганистанското обезбедување, а голем дел од персоналот во амбасадата, бил повреден.

Безбедносните сили брзо ја затвориле областа, по што пристигнале и меѓународни сили за да помогнат во спасувачките напори.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја осуди експлозијата, нарекувајќи ја „нечовечки и кукавички напад“ против невини цивили за време на светиот исламски месец Рамазан.

Најновото насилство доаѓа во време кога претседателот Гани наредната недела треба да биде домаќин на конференцијата на соседните и земјите од регионот, на која ќе се разговара за начините за ставање крај на смртоносниот конфликт во Авганистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG