Двајца американски и еден полски војник денес загинаа во нападот на бомбаш-самоубиец, припадник на Талибан врз конвој на НАТО во авганистанскиот главен град. Биле повредени најмалку 13 цивили.
Експлозијата се случила на главниот пат што ја поврзува американската амбасада со аеродромот во Кабул. Напаѓачот со возило полно со експлозив влетал во конвојот на само неколку стотини метри од главниот влез на амбасадата.
Талибан веднаш презеде одговорност за нападот.