На средбата во Талин, главниот град на Естонија, НАТО министрите се согласија годинава да започнат со предавање на контролата на Авганистан на авганистанската влада.
Таму е и американската Државна секретарка Хилари Клинтон која се согласи дека има услови за транзицијата.
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен кажа дека една од целите на НАТО за 2010 е да и помогне на авганистанската влада да ја практикува својата сувереност. Тој рече дека народот на Авганистан и државите кои продонесуваат трупи бараат видлив напредок во таа насока.
Тој кажа дека стратегијата на НАТО ќе треба да биде одобрена од авганистанската влада во Кабул пред да биде имплементирана.
НАТО во Авганистан има околу 80.000 војници од повеќе од 40 држави.
Американскиот претседател Барак Обама постави цел за почеток на повлекувањето на американските трупи до јули 2011.