Линкови за пристапност

Одложена конференцијата во Истанбул на која требаше да се разговара за мировните преговори во Авганистан


Турција, Катар и ОН планираа да одржат десетдневен настан предложен од САД, кој требаше да почне в сабота

Обединетите нации (ОН) изјавија дека е одложена мултинационалната конференција, која организаторите се надеваа ќе придонесе во мировните преговори во Авганистан.

Турција, Катар и ОН планираа да одржат десетдневен настан во Истанбул, предложен од САД. Тој требаше да почне в сабота.

„По опширни консултации со страните, беше договорено да се одложи конференцијата за кога условите за постигнување значаен напредок ќе бидат попогодни“, изјавија организаторите.

Авганистанските официјални лица претходно изјавија дека ќе испратат нивна делегација на конференцијата. Кабул веднаш не коментираше за одложувањето на настанот.

Претставници на Авганистанската влада и Талибан требаше да учествуваат на конференцијата и да разговараат за продолжување на мировните преговори, со цел да се стави крај на речиси дводецинската војна во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG