Линкови за пристапност

Најмалку 12 мртви при напад на воената болница во Кабул


Официјален претставник за безбедност на талибанците ги потврди жртвите под услов да остане анонимен

Група вооружени лица, наводно вклучително и бомбаши самоубијци, денес ја нападнаа главната авганистанска воена болница во Кабул, при што беа убиени најмалку 12 лица, а многу други беа повредени.

Официјален претставник за безбедност на талибанците ги потврди жртвите под услов да остане анонимен.

Портпаролот на талибанската влада Билал Карими изјави дека нападот започнал со силна експлозија на влезот во болницата, додека втората бомба експлодирала во објектот.

Тој рече дека подоцна ќе сподели повеќе детали.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG