Линкови за пристапност

Рејтингот на Бајден падна за седум проценти откако талибанците го преземаа Кабул


Претседателот вели дека повлекувањето од Авганистан не можело да биде поефикасно

Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да се брани среде политичката бура предизвикана од брзото преземање на талибанците на Авганистан и хаотичниот крај на најдолгата војна во Америка.

Објаснувајќи ги плановите за повлекување од Авганистан што ги објави во април, Бајден во средата во интервју за „Еј-би-си“ рече дека воениот излез бил „едноставен избор“ и оти не можело да се спроведе поефикасно.

Претседателот инсистираше дека никој не можел да предвиди брзо враќање на талибанците, можност што тој ја отфрли кога го најави повлекувањето.

Неуспехот соодветно да се евакуираат американскиот персонал и авганистанските партнери, како и брзиот колапс на авганистанската влада, предизвикаа сомнежи за неговите проценки на надворешната политика.

„Тоа беше неуспех на лидерството. Тоа главно беше неуспех на соодветно планирање “, рече Мајкл О’Ханлон, висок соработник за надворешна политика во институцијата „Брукингс“.

Социјалните медиуми се обидуваат да го заштитат идентитетот на авганистански корисници, откако талибанците освоија повеќе од 34 авганистански провинциски престолнини за околу девет дена.

Талибанците стигнаа во Кабул рано во неделата на 14-ти август, и за само неколку дена рејтингот на Бајден се намали за седум проценти, најниско ниво откако стана претседател.

Четириесет и девет проценти од гласачите сега го поддржуваат повлекувањето на американските сили, што е за 20 поени помалку од април, според анкетата на Морнинг Консалт/Политико спроведена по повлекувањето на војниците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG