Линкови за пристапност

Фејсбук и Твитер најавија мерки за заштита на корисниците во Авганистан


Ситуацијата во Кабул денес изгледа мирна, иако улиците и продавниците се попразни од вообичаено

Официјално лице на НАТО вели дека повеќе од 18.000 луѓе биле изнесени од Кабул откако талибанците го освоија градот. Официјалното лице, кое сакаше да остане анонимно, вели дека илјадници луѓе се` уште се обидуват да стигнат до аеродромот.

Фејсбук, Твитер и ЛинкдИн најавија дека преземаат мерки да ги заштитат идентититетите на нивните авганистански клиенти како што талибанците ја зацврстуваат контролата врз Авганистан.

„Амнести интернешнл“ вели дека талибанците биле одговорни за тортура и убивање на неколку членови на заедницата Хазара во провинцијата Газни минатиот месец.

Ситуацијата во Кабул денес изгледа мирна, иако улиците и продавниците се попразни од вообичаено.

Претседателот Џо Бајден рече дека ќе ги задржи американските војници во Авганистан додека сите Американци не бидат евакуирани, дури и ако тоа значи пробивање на крајниот рок на 31 август, кога сите трупи на САД треба да ја напуштат државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG