Линкови за пристапност

Ситуацијата во Кабул денес мирна, повеќе возрасни жени на улиците


Зголемен е и сообраќајот, за разлика од неделата, кога улиците беа речиси празни

Ситуацијата околу авганистанскиот главен град Кабул денес продолжува да биде мирна, денови откако Талибан го освои градот. Сообраќајот е зголемен за разлика од неделата, кога улиците беа речиси празни.

Денес повеќе жени се забележуваат на улиците, но повеќето се или повозрасни жени или многу млади девојчиња.

Млади жени на улиците или во кафулињата во Кабул не можеа да се видат. Жените на улиците беа повеќе покриени во споредба од пред Талибан да презеде контрола. И мажите на улиците, исто така, носеа локална наметка.

Денес продолжуваат евакуациите. САД изјавија дека сакаат да го зголемат бројот на граѓани кои го напуштаат Авганистан меѓу 5.000 и 9.000 денвно.

Официјално лице на Белата куќа рече дека заклучно со вчера САД евакуирале повеќе од 3.200 лица.

Дел од инфорамциите се искористени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG