Линкови за пристапност

Талибан ќе го цениме по постапките, а не зборовите, изјавија САД и Британија


Советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан, рече дека меѓународната заедница очекува Талибан да ги исполни обврските во однос на основните човекови права и достоинство на граѓаните

Британија и САД велат дека ќе работат со други држави да развијат координирана стратегија за Авганистан, како и дека постапките на Талибан, а не зборовите, се она што е важно во однос на ветувањата.

„Ќе го цениме овој режим врз основа на изборот што ќе го прави, според постапките наместо зборовите, според односот кон тероризмот, криминалот и дрогата, како и во однос на хуманитраниот пристап и правата на девојчињата на образование“, изјави денес британскиот премиер Џонсон пред законодавците.

Џоносон вчера зборуваше на телефон со претседателот на САД Џо Бајден. Белата куќа објави соопштение во кое се вели дека лидерите „дискутирале за потребата од продолжена блиска координација меѓу сојузниците и демократските партнери во однос на идната политика кон Авганистан, вклучувајќи начини како глобалната заедница да обезбеди натамошна хуманитарна помош за бегалците и Авганистанците во ризик. Тие се согласија да одржат состанок на лидерите на Г-7 наредната недела за да зборуваат за ситуацијата“.

Советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан, рече дека меѓународната заедница очекува Талибан да ги исполни обврските во однос на основните човекови права и достоинство на граѓаните.

Тој рече дека администрацијата на Бајден директно ќе комуницира со Талибан за цената и препреките за одредени видови постапки и очекувања.

Ваквите изјави уследија по ветувањата на официјалните претставници на Талибан дека ќе ги почитуваат правата на жените согласно Исламскиот закон, како и дека ќе формираат инклузивна влада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG