Талибан денес изјави дека разговорите за формирање инклузивна исламистичка влада во Авганистан се пред заклучок.
Борците на Талибан викендов го заземаа главниот град Кабул, освојувајќи ги речиси сите 34 провинции за речиси само една недела.
Портпаролот на Талибан Сухаил Шаин рече дека талибанските лидери се во интензиви преговори со ривалските групи и американскиот мировен претставник во Доха, Катар, каде се наоѓа политичката канцеларија на Талибан.
„За неколку дена се разбира ќе имаме трансфер на моќта“, изјави Шаин за Гласот на Америка.
Тој рече дека „преговорите се во тек да се формира авганистанска инклузивна влада“.
Шаин рече дека Талибан е посветен да воспостави инклузивен владин систем за да ги адресира меѓународните грижи, велејќи дека неговата група не верува во монопол на власта.
„Веруваме дека монопол на власта не функционирал во минатото. Затоа сакаме да имаме некои авганистански борци и политичари во идната влада, со цел да имаме одржлив мир во државата и да отвориме ново поглавје на мир, коегзистенција, толеранција и реконструкција на Авганистан“, рече тој.
Шаин одби јасно да каже дали авганистанските жени ќе бидат дел од идната влада.
„Најавивме дека жените ќе имаат пристап до работа и образование со носење хиџаб. Денес, можеби сте виделе жени во авганистански телевизии како носат хиџаб и ја извршуваат нивната работа“, изјави Шаин.
Тој рече дека Талибан најавил „генерална амнестија“ за сите, вклучувајќи владини официјални лица и ги повика да се вратат на работа.
Facebook Forum