Ден откако Талибан го освои Кабул, меѓународниот аеродром во авганистанскиот главен град е преполн со илјадници Авганистанци кои се обидуваат да ја напуштат државата. Американските војници пукаа во воздух за да ја одржат безбедноста, а западните држави спроведуваат евакуација на нивните граѓани и локални соработници кои им помагале од почетокот на војната пред 20 години.
Авганистанската цивилна авијација рече дека цивилниот дел од аеродромот е затворен до натамошно известување, додека видеа на социјалните медиуми покажуваат сцени од граѓани како трчаат на аеродромот и се обидуваат да се качат на скали на авион кој се подготвува да полета.
Неколку авионски компании, како „Јунајтед“, „Бритиш ервејс“, „Вирџин Атлантик“ и „Луфтханза“ најавија дека ќе го избегнуваат авганистанскиот воздушен простор, додека Пакистанската меѓународна авиокомпанија рече дека ќе ги стопира летовите кон Кабул.
Аеродромот, исто така, е локација за дипломатите кои бараат летови надвор од Авганистан, откако беа евакуирани од амбасадите во главниот град.
Борците на Талибан денес патролираат на улиците во Кабул, а косонавчот на Талибан Мулах Абдул Гани Барадар им честиташе на граѓаните од неговата канцеларија во Доха, Катар.
„Јас сум тука да ви најавам дека ние сме одговорни за вашите животи и за се` што се однесува на секојдневното живеење, како и да ве убедам дека ќе обезбедиме се` да го направиме вашиот живот подобар“, рече Барадар.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес
Facebook Forum