Линкови за пристапност

Најмалку 20 жртви во напад во Кабул


Засега никој не ја презел одговорноста.

Авганистански претставници соопштија дека од самоубиствен бомбашки напад во близина на Врховниот суд во Кабул, загинале најмалку 20 лица, а според портпаролот на Министерството за внатрешни работи, најмалку 40 се повредени.

Во моментов никој не ја презел одговорноста за нападот.

Ројтерс јави дека бунтовници на Талебан во минатото извршиле напад врз зградата на Врховниот суд и негови вработени, како и врз судови во други провинции.

XS
SM
MD
LG