Во студија објавена во четврток, Интегрити Воч Авганистан со седиште во Кабул, нашол дека близу еден на седум Авганистанци редовно плаќаат поткуп, со тоа што најмногу се погодени сиромашните рурални домаќинства.
Вкупно 6.500 лица учествувале во истражувањето извршено во 32 (од 34) авганистански провинции, кое ги рангирало министерството за внатрешни работи на земјата, министерството за правда и разузнавачката агенција како најкорумпирани.
Ко-директорот на Интегрити Воч Авганистан, Лоренцо Делескес, вели дека студијата нашла јасна врска меѓу зголемената корупција и зголемената моќ на Талебан, додека повеќе Авганистанци ги изгубиле илузиите за владините претставници.
САД и нивните НАТО сојузници го повикаа претседателот на Авганистан Хамид Карзаи да стори повеќе за борба против корупцијата и за подобрување на управата, додека меѓународните и авганистанските сили се борат против талебанското бунтовништво.
Од 2007 наваму корупцијата во Авганистан двојно се зголемила, а Авганистанците минатата година платиле една милијарда долари за поткуп