Талебан грабнал 19 лица, од кои еден изборен кандидат, непосредно пред парламентарните избори. Милитантната група презеде одговорност за грабнувањето на кандидатот во источната покраина Лагман. Во североисточната покраина Багдис, пак, биле грабнати осум изборни претставници и 10 лица кои работеле на изборни кампањи.
Талебанските бунтовници веќе убија најмалку три кандидати и неколку работници во изборни кампањи во прелиминарните избори. Групата се заканува со напади ширум земјата, како што стори и на претседателските избори минатата година, за да ги заплаши гласачите да излезат на избори.
И покрај заканата од насилство, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи петокот ги повика сите Авганистанци да излезат на гласачките места и да учествуваат во изборите.
Гласањето ќе го обезбедуваат над 250.000 авганистански полицајци и војници, поддржани од меѓународни сили.