Линкови за пристапност

Подемот на Исламската држава во Источен Авганистан


Репортажа од терен за заземањето на територија од борците на ИСИЛ со помош на лажни ветувања

Членови на заедницата Шинвари од провинцијата Нангархар во Источен Авганистан, од каде голем број жители се веќе иселени, на почетокот на годинава ги отворија своите домови за луѓе, кои мислеа дека им треба помош.

„На почеток доаѓаа како пријатели. Со нив, беа нивните семејства и се' што поседуваат“ рече Малик Нијаз, повозрасен член на заедницата. „Ни рекоа дека се наши браќа и побараа заштита од нас“, се присетува тој.

Според традицијата на заедницата, Најаз и останатите, ги пречекаа луѓето во нивните домови како гости. Чинварис се присетува како на некои од нив, пред околу 20 години за време на војната во Русија, им бил даден азил на другата страна од планината, и тие биле подготвени да ја вратат услугата.

Кога доаѓале, кажувале дека се припадници на племето Оракзаи од долината Тирах и дека се селат поради воените дејства во соседниот Пакистан. Според локалците кои биле во контакт со нив, многу од нив, зборувале на дијалектот Оракзаи.

За неколку месеци, како се зголемил нивниот број, тие отворено почнале да покажуваат оружје и да бидат наметливи кон своите домаќини.

Нијаз вели дека почнале да ги принудуваат локалните мажи да се женат со нивните млади сестри и ќерки, да ги принудуваат жените да носат фереџе, да не излегуваат од дома или во јавност да носат бурга – долг фустан кој го покрива целото тело, вклучувајќи ги лицето и главата.

Еден ден, извадиле црни знамиња, знамиња кои ИСИС ги употребува во Ирак и Сирија и се декларирале како Исламска држава во Корасан, што Исламската држава го употребува за географскиот регион кој го вклучува Авганистан.

„Бараа да им се заколнат на верност. Рекоа дека ќе плаќаат од 500-600 долари месечно“ наведува Нијаз.

Хаџи Галиб, гувернер на областа Ачин, за Гласот на Америка изјави дека некои од заробените припадници на ИД рекле дека се платени од 500 до 1700 долари.

Тој, исто така, опишал некои од оружјата кои биле запленети од милитантите на ИД. Кажал дека поседуваат различни модели на оружја како ZQ1, RPG, BM1, ракети, гранати.

Локалците, кои не сакале да им се придружат, требало да заминат. Секој што се спротивставувал, бил брутално погубен.

По социјалните мрежи било постирано пропагандно видео од страна на ИСИС - Корасан, на кое мажи со заврзани очи, вклучувајќи и постари мажи, седат на земја врз дупки наполнети со експлозив. Видеото содржи експлозија и расфрлени делови од тела.

Локалните власти велат дека на стотици луѓе, најмногу постари припадници на заедниците и членови на авганистанските сили за безбедност, но и на обични граѓани, им биле отсечени глави од страна на групата. Насилството имало за цел, заплашување. Пропагандното видео содржело аудио предупредување на арапски јазик, кое било пренесувано на екран на урду, преку кое се предупредувале дека ги чека смрт доколку ѝ се спротивставуваат на групата.

Приказни за бруталноста на ИСИС почнале да се шират низ регионот, некои од нив, биле раскажувани како митови. Стотици семејства од племето Шинвари, ја напуштале областа, оставајќи се' зад себе.

ИСИС го зголемил своето влијание и во околните реони и почнале да доаѓаат во судир со Талебан, кои претходно имале контрола врз регионот.

За време на последните неколку месеца, локалните овчари, според кажувањата на Нијаз и некои други, гледале како од пакистанската страна на границата, групата со дузина коњи дневно, пренесувала оружје.

Забихулах Змарај, член на покраинското собрание на Нангархар, вели дел од групата се Арапи и Чеченци.

Силите за безбедност на Авганистан имале неколку воени операции против нив и успешно ослободиле некои делови во одредени реони, но, досега не успеале целосно да ја искоренат групата. Големи делови од областа Ачин, посебно долините Маманд и Пека, се` уште се под контрола на ИСИС. За групата ова се безбедни локации, од каде ги планираат и спроведуваат нападите насекаде низ провинцијата.

Владата вети дека целосно ќе се бори против оваа насилна група, но, во моментот е зафатена со зголемени активности против Талебан ширум земјата.

XS
SM
MD
LG