Новиот извештај на Обединетите нации документираше скромен пад на обвинувањата за тортура во затворите во Авганистан, но изрази загриженост за „вознемирувачки“ големиот број на притворени лица поврзани со конфликти, кои обвинуваат за сериозни злоупотреби.
Во извештајот за третманот на притворените лица, објавен денеска, Мисијата на ОН за помош во Авганистан (UNAMA) утврди дека скоро една третина од интервјуираните лица поврзани со конфликти обезбедиле „кредибилни и веродостојни“ изјави дека биле предмет на тортура или малтретирање .
Злоупотребите вклучувале сурови тепања, електрични шокови, гушење и влечење на гениталиите. Исто така имало случаи на мачење каде притворените биле ставани да висат од таван.
Од UNAMA дошле до овие наоди интервјуирајќи 618 затвореници во 77 установи, во 28 од вкупно 34 авганистански провинции, во периодот меѓу 1 јануари и 31 декември 2018 година.
Во извештајот се искажува благодарност до авганистанската влада за спроведување на мерките однационалниот план за елиминација на тортурата што доведе до намалување на злоупотребите за време на мониторингот. Но, „намалувањето на употребата на тортура или малтретирање сè уште не е доволно значајно за да покаже дека преземените мерки се доволни“, се предупредува воизвештајот.
Шефот на UNAMA, Тадамичи Јамамото, нагласи дека почитувањето на владеењето на правото ичовековите права е најдобар начин да се создадат услови за одржлив мир во Авганистан.
„Како што е објаснето во нашиот извештај, претстои долг пат за искоренување на оваа ужасна практика кај притворените лица поврзани со конфликти“, рече Јамамото.
Според извештајот најзначајно намалување на злоупотреби има во објектите кои се под контрола на авганистанската разузнавачка агенција, НДС. Но, речиси и да нема подобрување во другите безбедносни институции, особено Авганистанската национална полиција.
UNAMA алармираше за многу вознемирувачка, 77 проценти висока, стапка на тортура и малтретирање на притворени лица поврзани со конфликти во Авганистанската национална полиција во јужната провинција Кандахар, каде има наводи и за присилни исчезнувања.
Коментирајќи го извештајот, Хјуман Рајтс Воч соопшти дека ги цени напорите на авганистанската влада за да го усогласи националното законодавство во областа на тортурата со меѓународните стандарди и ратификуваните сродни договори. Меѓутоа, рече дека целата слика сепак останала мрачна.
„Во многу малку случаи на тортура извршителите најмногу се соочиле со мали дисциплински санкции. Жртвите пак не добиле надомест како што налага законот. Додека мачителите не се соочуваат со вистински последици, сериозната злоупотреба ќе продолжи“, посочија од Хјуман Рајтс Воч со седиште во Њујорк.
Последните наоди на UNAMA укажуваат на веродостојност на наводите за Талибанците дека затворениците во авганистанските затвори се подложени на „брутален и насилен“ третман.
Facebook Forum