Линкови за пристапност

Аерозагадувањето и прашината – главни причини за појава на алергии кај децата


Едно неодамнешно истражување на Институтот за белодробни заболувања кај децата, Козле во Скопје, покажало дека алергенот домашна прашина е број еден алерген, кој е доведува до појава на алергиски ринитис.
Едно неодамнешно истражување на Институтот за белодробни заболувања кај децата, Козле во Скопје, покажало дека алергенот домашна прашина е број еден алерген, кој е доведува до појава на алергиски ринитис.

Алергиите кај најмладата популација се во подем алармираат лекарите, според кои родителите не обрнуваат доволно внимание на тоа. Едно неодамнешно истражување на Институтот за белодробни заболувања кај децата, Козле во Скопје, спроведено врз 440 пациенти на возраст од 2 до 18 години, со клиничка манифестација на алергиски ринитис, покажало кои се главните причини за неговата појава.

„Студијата се спроведе со помош на т.н. скин прик тест. Тоа е кожен тест, кој што се применуваше на рацете на децата со десетте најтипични ареолергени. Што докажавме, докажавме дека алергенот домашна прашина е број еден алерген, кој што ги прави овие клинички манифестации кај нашите испитаници“, вели Мирјана Поповска, педијатар-пулмолог.

А, што е Алергиски ринитис. Тоа е кога кај децата се јавуваат симптоми на чешање или затнат носот, назална секреција и опструкција.

„Потоа често кивање, често гребење или чешање во грлото и ушињата. И кога е пропратено и со симптоми како што е солзење во очињата, црвенило на очите“, додава Поповска.

И аерозагадувањето, односно високата концентрација на пм честички во воздухот, влијае врз здравјето на децата. Речиси и да нема град во државата, каде нема аерозагадување предупредуваат лекарите.

„Сето тоа ја влошува состојбата во смисол на алергии посебно и на белодробните промени кои ги чувствуваат после децата. Секаде е веќе загадено. Ако не е загадено имаме треви и дрва што цветаат па имаме и од тоа алергии. Сега алергиите се многу зголемени и тоа е резултат на тоа загадување и на глобално затоплување“, рече Татјана Јачоска, претседателка на македонско педијатриско-респираторно здружение.

„Аерозагадувањето се смета како еден од тригер факторите за ризикот за појавата на рана алергија. Аерозагадувањето во оние градови, каде го има, дечињата може да бидат многу поподложни на алергии. Кај децата со астма тоа може да ги донесе децата до сериозен астма напад. Скоро сите градови во нашата држава се загадени, особено во зимскиот период, кога концентрацијата на ПМ честичките е многу алармантно“, вели педијатар-пулмолог Мирјана Поповска.

Испитувањето покажало и дека алергискиот ринитис со голем број на алергиски коморбидитети има значително влијание на квалитетот на животот и училишните перформанси кај децата. Затоа тие треба да се третираат соодветно и навремено, бидејќи оваа болест, дава широк спектар на компликации уште во најрана возраст велат лекарите. Целта е додаваат да се најде точната дијагноза ,ефективен третман и целосна контрола на болеста.

XS
SM
MD
LG