Властите во Мексико сe`уште ги истражуваат околностите за причините за падот на патничкиот авион од компанијата „Аеромексико“ во северната мексиканска држава Дуранго, при што беа повредени 85 лица.
Гувернерот на Дуранго Хозе Росас Аиспуро, рече дека силниот ветер предизвикал авионот да се сруши кусо по полетувањето.
Според прогнозите за времето, во областа имало неколку последователни бури во времето на инцидентот.
„Одблизу соработуваме со надлежните органи, особено со Генералниот директорат за цивилна аеронаутика, со цел да ги утврдиме причините за несреќата“, изјави Андрес Конеса, извршен директор на „Аеромексико“.
Дел од авионот се запалил кога се урнал, но, сепак сите 97 патници, вклучувајќи го и екипажот, ја преживеале несреќата.
Facebook Forum